Move · Breathe · Bloom

Pilates Reformer Studio
во Скопје

Движи се посилно. Чувствувај се подобро. Bloom.

Pilates reformer studio во Скопје создадено да ти помогне да изградиш сила, да ја подобриш мобилноста и да се чувствуваш посигурно во своето тело. Без разлика дали си потполно нова во reformer pilates или сакаш да одиш подалеку, во Bloom — твоето pilates reformer studio — вежбаш со лиценциран инструктор во група од максимум 3 клиенти.

Реформер пилатес во Bloom Reformer Studio во Скопје

Што е реформер пилатес?

Реформер пилатес е вежбање со ниско оптоварување на специјална справа наречена реформер. Пружините и подвижната платформа даваат прилагодлив отпор и овозможуваат контролирани движења што работат на сила, стабилност, мобилност и координација.

Токму затоа истата вежба може да биде пристапна за почетник и интензивна за напреден клиент. Во реформер пилатес студио со мали групи како Bloom, инструкторот го прилагодува отпорот и корекциите за секој клиент поединечно — прочитај го целиот водич за реформер пилатес.

Зошто Bloom како твое Pilates reformer studio во Скопје?

Лиценциран инструктор

Часовите ги води Даниела Делева, лиценциран реформер пилатес инструктор. 

Мали групи од максимум 3

3 клиенти и 3 реформери по сесија — доволно внимание за корекции при секое движење.

Часови за секое ниво

Отпорот на пружините се прилагодува, па истиот час работи и за прв пат, и по години вежбање.

Приватни сесии 1 на 1

Индивидуални термини по договор, целосно прилагодени на твоите цели и темпо.

Современи реформер справи

Опрема одржувана за прецизна работа со отпор и безбедно движење.

Флексибилен распоред

Термини од 07:30 наутро до 20:00 навечер и во сабота, со онлајн резервација.

Даниела Делева, лиценциран реформер пилатес инструктор во Скопје
Лиценциран Reformer Pilates инструктор

 Даниела Делева

Лиценциран Reformer Pilates инструктор, долгогодишен спортист и активен планинар. Верувам дека Pilates не е само физичка активност. Тој е начин да го зајакнеш телото, да го смириш умот и да создадеш навики што носат подобро здравје и квалитетен живот. Со повеќе од три години искуство во Reformer Pilates, мојата цел е секој тренинг да биде прилагоден на твоите потреби и можности. Во Bloom Reformer Studio работиме на сила, мобилност, флексибилност, стабилен центар, правилно држење на телото и движење без болка – во пријатна и интимна атмосфера каде секој клиент добива целосно внимание. Bloom го создадов како место каде секој тренинг е повеќе од вежбање – тоа е време посветено на тебе, твоето здравје и твојата рамнотежа.

Повеќе за реформер пилатес студиото во Скопје

ДолговечностМобилностСилаИстегнувањеСтабилен центарДржење на телото
Bloom Reformer Studio

Ценовник

bloom into your best self

Цени за реформер пилатес во Скопје
ПакетЦенаЦена по час
1 час700 ден.700 ден.
4 часа2.600 ден.650 ден.
8 часа4.800 ден.600 ден.
12 часа6.900 ден.575 ден.

Пакетите важат 50 ДЕНА

Купи онлајн
Избери пакет и плати

Плаќањата се процесираат преку Paddle. Наплатата е во евра според тековен курс. Види ги сите цени и пакети.

Move · Breathe · Bloom

Часови по реформер пилатес

Една сесија што ги спојува сите главни фокуси — прилагодена на твоето тело и цели.

Reformer Pilates

60 мин · max 3

Во еден час работиме на: долговечност, мобилност, сила, истегнување, стабилен центар и правилно држење на телото.

ДолговечностМобилностСилаИстегнувањеСтабилен центарДржење на телото

Види ги сите часови по реформер пилатес во Скопје

Резервирај термин

Неделен распоред

Одбери термин што ти одговара. Секој час трае 60 минути, со максимум 3 клиенти по сесија.

Неделен распоред

Sep 7Sep 13

Се вчитува…
СлободноТвоја резервацијаЗафатеноМаксимум 3 клиенти по термин

Реформер пилатес за почетници

Никогаш не си пробала реформер пилатес? Добредојде во Bloom. Часовите за почетници те воведуваат во справата, основните пилатес движења и правилната техника во поддржувачка атмосфера. Работиш со свое темпо и градиш сигурност, сила и свесност за телото.

Придобивки од реформер пилатес

Со редовно вежбање работиш на сила, стабилен центар, мобилност, флексибилност, рамнотежа, координација, држење на телото и свесност за движењето. Прогресијата е постепена и прилагодена на твоето тело.

Прочитај повеќе за придобивките од реформер пилатес

Тренинг на реформер во Bloom студио во Скопје
Простор за одмор во реформер пилатес студиото Bloom
Bloom Studio

Мал, интимен простор — само за тебе.

Максимум 3 клиенти и 3 реформери по сесија. Секој добива внимание, корекции и програма прилагодена на неговото тело.

Лиценциран инструктор
Индивидуален пристап
Функционално движење
Современи reformer уреди
Кафе и чај пред или по тренинг

„Не е само тренинг.
Тоа е момент само за тебе."

Најчесто поставувани прашања

Што е реформер пилатес?

Реформер пилатес е вежбање со ниско оптоварување на специјална справа наречена реформер. Пружините и подвижната платформа даваат прилагодлив отпор, што овозможува контролирани движења за сила, стабилност, мобилност и координација.

Дали реформер пилатес е соодветен за почетници?

Да. Отпорот се прилагодува на секое тело, а сесиите се со максимум 3 клиенти, така што добиваш насоки и корекции од првиот час. Не е потребно претходно искуство.

Што да облечам за реформер пилатес?

Удобна, припиена спортска облека во која инструкторот може да го види движењето на телото. Вежбаме боси или во чорапи со нелизгачка подлога.

Што треба да понесам на првиот час?

Само вода, пешкир и чорапи со нелизгачка подлога. Целата опрема е обезбедена во студиото.

Колку трае еден час реформер пилатес?

Секоја сесија трае 60 минути, со максимум 3 клиенти и 3 реформери.

Колку често треба да вежбам реформер пилатес?

Најчесто препорачуваме два до три пати неделно за постојан напредок, но и еднаш неделно е добар почеток ако тргнуваш од нула.

Како резервирам термин?

Направи профил на страницата, отвори го неделниот распоред и избери слободен термин. Потврдата ја гледаш веднаш на својот профил.

Колку чини реформер пилатес во Скопје?

Поединечен час чини 700 денари, а пакетите се од 575 до 650 денари по час. Секој пакет важи 50 дена.

Што се случува на мојот прв час?

Разговараме за твоето здравје, движење и цели, ти ја претставувам справата, поставуваме соодветен отпор и поминуваме низ основните движења со постојани корекции.

Дали ми треба претходно искуство со пилатес?

Не. Групите се мали и програмата се прилагодува според твоето ниво, независно дали вежбаш прв пат или веќе имаш искуство.

Посети го Bloom Reformer

Bloom Reformer Studio
Козле 181, 1000 Скопје
Северна Македонија
+389 70 377 795 bloom.reformer.skopje@gmail.com @studiobloomreformerЛокација на Google Maps →
Работно време
Понеделник – Петок: 07:3020:00
Сабота: 08:4517:00
Недела: затворено

Почувствувај ја промената

Направи профил, резервирај термин и следи ги сесиите и материјалите на едно место.